Арсенал долго беше на четвртото место на табелата во Премиерлигата, но два порази по ред придонесоа најверојатно сонот да биде уништен. По поразот од Тотенхем (3:0), тимот на Микел Артета вечерва загуби на гости и кај Њукасл со 2:0 и сега има два бода негатива во однос на Тотенхем, кој во последното коло му гостува на Норич.
„Топчиите“ комплетно потфрлија, а Бен Вајт си постигна автогол во 55.минута и го отвори резултатот. Арсенал немаше одговор, па Бруно Гимараеш во 85.минута го потврди триумфот на домаќинот.