Top Sport

Њукасл има план да го купи Каспер Шмајхел

Њукасл успеа да обезбеди опстанок во Премиер – лигата, а сега менаџерот Еди Хау и богатите сопственици се фокусираат на летниот преоден рок. Тие сакаат да состават конкурентен тим кој следната сезона ќе игра важна улога и ќе се бори за врвот на табелата.

Њукасл сака да доведе нов квалитетен чувара н мрежата. Тоа е капитенот на Лестер, Каспер Шмајхел. Раководството ќе се обиде да го убеди да пристигне на „Сент Џејмс Парк“ и да стане еден од носителите на новиот проект на Њукасл.

Каспер Шмајхел има 35 години, а има договор со Лестер до јуни 2023 година.

Scroll to Top