Њукасл јунајтед на паузата поради Светското првенство заминува како третопласиран тим во Премиер лигата. Во дербито на 15.коло, Њукасл го победи со 1:0 Челси и ја продлабочи кризата на екипата од „Стенфорд Бриџ“.
Њукасл славеше триумф со голот на поранешниот напаѓач на Арсенал, Џо Вилок во 67.минута.
„Страчките“, со 30 бода се трети на табелата. Овој дел од сезоната го завршија со само еден пораз, колку што засега има и лидерот Арсенал.
Челси нема победа во Премиер лигата на последните пет натпревари, на кои освои само два бода. Последен пат во првенството „сините“ победија кај Астон Вила на 16.октомври.
Екипата на Греем Потер се наоѓа на осмото место на табелата со 21 бод.