Top Sport

Њукасл Јунајтед имаат нов тренер

Стив Брус е именуван за нов тренер на фудбалерите на Њукасл. 58 годишниот тренер со „страчките“ договорил три годишна соработка.

„Пресреќен сум што станав тренер на Њукасл. Ова е мојот клуб уште од детството, ова е клубот на мојот татко. Ова е посебен момент за мене и моето семејство“, рекол Брус.

„Пред нас е голем предизвик, за кој јас и мојот стручен штаб ќе бидеме подготвени. Не очекува жестока работа“.

Стив Брус на клупата го наследи Рафаел Бенитез, кој пред еден месец замина откако не се договори околу продолжување на договорот.

Брус е роден во Њукасл, тој од јануари оваа година го предводеше Шефилд Венздеј. Во кариерата бил менаџер на Шефилд Јунајтед, Хадерсфилд, Виган, Кристал Палас, Бирмингем и Хал.

Scroll to Top