Челниците на Њукасл не се откажуваат од намерата да го засилат тимот со Џеси Лингард. Подготвени се да издвојат значителна сума за да го донесат на позајмица фудбалерот на Манчестер јунајтед.
Лингард не е задоволен од статусот што го има на „Олд Трафорд“. Кај новиот менаџер, Ралф Рангник, во последните 50 дена има одиграни само една минута.
За да го реализираат планот, челниците на Њукасл на Јунајтед им понудиле позајмицата да ја платат со 7.150.000 евра. Во исто време нема да штедат ниту на платата. ДОколку Лигнард ја прифати понудата ќе добие неделна плата од 595.000 евра.
Ако позајмицата се реализира, Лингард, барем до крајот на сезоната ќе биде фудбалерот со најголема плата во Премиер лигата.