Top Sport

Валенсија се засили со играч на Базел

Фудбалскиот клуб Валенсија го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Од Базел на „Местаља“ пристигна Ерај Чомерт (23). За овој трансфер Валенсија издвои 800.000 евра.

Швајцарецот со турско потекло, потишал договор до јуни 2026 година. Сумата на трансферот е мала бидејќи договорот на фудбалерот со Базел истекуваше на крајот од сезоната.

Чомерт на „Местаља“ ќе игра со својот поранешен соиграч Омар Алдерете.

Scroll to Top