Top Sport

Њукасл останува на дното – црвен картон по само 9 минути и само реми со Норич

Навивачите на Њукасл јунајтед ќе треба да почекаат за својата прва премиерлигашка победа оваа сезона и со секој нареден натпревар се поблиску до Чемпионшип и покрај купувањето на клубот од богатите саудиски газди, откако одиграа само 1:1 со Норич во борба на два клуба кои до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок.

Мечот на „Сент Џејмс парк“ започна катастрофално за тимот на Еди Роув – уште во деветтата минута останаа со играч помалку, кога дефанзивецот Кјаран Кларк намерно го фаулираше Тему Пуки да спречи шанса на гостите. И покрај ова, Њукасл први дојдоа во водство во 61. минута кога беше досуден пенал по игра со рака во шестнаесетникот, а Калам Вилсон беше прецизен. Меѓутоа, Норич дојдоа до поен, токму преку финскиот напаѓач Пуки во 79. минута од мечот.

Норич се на 18. место со 10 поени, два од безбедната зона, додека Њукасл се последни со само 7 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top