Top Sport

Њукасл сака да го купи Дракслер од ПСЖ

Англискиот премиерлигаш Њукасл има план да го купи германскиот интернационалец Јулијан Дракслер. Раководството на ПСЖ подолг период се обидува да го продаде Дракслер, но и не сака да ја намали неговата цена од 30 милиони евра.

Њукасл е сериозно заинтересиран за него и нема проблем со финансиите, па трансферот би можел да се реализира доколку Драклсер смета дека тоа е нов предизвик за него.

Германецот има договор со ПСЖ до 2024 година, но свесен е дека за него нема да има доволна минутажа ниту кај новиот тренер Кристоф Галтие. Тој во дресот на ПСЖ забележа вкупно 198 настапи и постигна 26 гола.

Scroll to Top