Лидерот Арсенал го победи Манчестер Јунајтед во дербито на „Емирати“ со 3:2 и сега повторно има пет бода предност на врвот на табелата, и еден одигран натпревар помалку. Херојот е Едвард Нкетија, кој постигна победнички гол во 90.минута, а беше двоен стрелец на дербито.
Маркус Рашфорд во 17.минута донесе водство за „црвените ѓаволи“, а израмни токму Нкетија седум минути подоцна.
Бакајо Сака на почетокот на вториот дел испрати силен удар од далечина и направи пресврт, но повторно израмни Лисандро Мартинез во 59.минута. Во финишот, Арсенал сепак успеа да дојде до посакуваниот триумф во трката за шампионската титула.