Арсенал се приклучи на Евертон и Кристал палас со две победи во првите два меча во Премиер лигата, откако Еди Нкетија им донесе 2:1 победа во лондонското дерби против Вест хем.
„Топчиите“ дојдоа во водство во 25. минута со 50-тиот гол во дресот на Арсенал на Александер Лаказет по убавата акција на капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, но Мајкл Антонио успеа да израмни за тимот на Дејвид Мојс во 45. минута.
Овој резултат беше актуелен до 86. минута, кога по една прекрасна акција, Дани Себалјос му асистираше на Нкетија за убава победа.