Top Sport

Нкунку го одведе Лајпциг во следната рунда на Лига Европа

Кристофер Нкунку беше човек на одлука на реванш мечот од четврт-финалето во Лигата на Европа меѓу Аталанта и Лајпциг. Со неговите два гола, германскиот бундеслигаш Лајпциг славеше на гости во Бергано со 0:2 и се пласира меѓу четирите најдобри екипи во ова европско натпреварување.

Нкунку го отвори резултатот во 18.минута, а во финишот постигна и уште еден погодок за потврда на триумфот.

Во Конференциската лига на УЕФА, Лестер е првиот полуфиналист откако славеше со 1:2 на гости против ПСВ Ајндховен. Првиот меч од овој двомеч заврши без голови.

Scroll to Top