Десниот бек на репрезентацијата на Србија, Антонио Рукавина, смета дека судијата Шимон Марчињак, постапил исправно кога по консултацијата со помошникот ја сменил одлуката и не досудил пенал за Португалија.
„Топката прво ме погоди в лице, односно во носот, а пота во раката. Дали според правилата беше пенал…мислам не. Во истиот момент носот ми стана црвен, судијата го забележа тоа, а помошникот сигнализираше. Имавме среќа“, рекол Рукавина, а потоа се осврнал и на изјавата на Кристијано Роналдо, дека судијата му признал дека згрешил што не досудил пенал.
„За нив тоа е пенал, за нас не и тоа е нормално. Ова е прв пат без ВАР да биде поништена одлука. Би рекол дека немаше пенал“, заклучил Рукавина.