Калчолигашот Рома планира да му понуди нов договор на напаѓачот Един Џеко.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, напаѓачот од БиХ би требало да потпише до 2023 година.
Минатото лето Џеко беше многу блиску до трансфер во Интер, но работите се закомпликуваа, па тој остана на „Олимпико“.
Во тековнава сезона Џеко има постигнато 14 гола, а има и 6 асистенции на 26 меча во Серија А.
34-годишниот фудбалер оваа сезона ја презеде капитенската лента кај „волчицата“ и со тоа ги отфрли шпекулациите дека планира да го напушти клубот.
Актуелниот договор на Џеко е до 2022 година, го потпиша лани, но Рома сака да го осигура на уште една година.