Top Sport

ЕХФ го откажа женскиот Ф4 турнир, годинава ќе нема шампион!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го откажа завршниот турнир во ракометната ЛШ во женска конкуренција, што беше планирано да се одржи од 3. до 6. септември годинава, во Будимпешта. Сезонава во женскиот ракомет ќе заврши без шампион.

„Изминативе месеци ЕХФ постојано потенцираше дека натпревари ќе се играат само во безбедна околина за сите кои се инволвирани. Тука мора да се додаде дека организацијата на еден завршен турнир бара подготовки на многу нивоа во споредба со само еден натпревар во ЛШ. Има голема несигурност околу развојот низ Европа и тоа може да има последици за еден ракометен фестивал и навивачите“ – изјави денеска Михаел Видерер, првиот човек на ЕХФ.

Новата сезона во женската Лига на шампиони ќе започне на 12 односно 13 септември, а ждрепката за групната фаза е закажана за 1 јули годинава.

Scroll to Top