Top Sport

Нов гол на Јаховиќ, нова победа на Гозтепе

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ го постигна својот седми гол оваа сезона, за да помогне Гозтепе да победи со 3:2 на гостувањето кај Анталијаспор и да се искачи на деветтото место во Турската Суперлига.

Анталија дојде во водство уште во петтата минута преку Фреди од пенал, но Андерсон Есити израмни во 31. минута од мечот. Јаховиќ во 66. минута ги донесе гостите во водство, пред ветеранот Лукас Подолски да израмни на 2:2, за трите поени за Гозтепе да ги обезбеди Атинџ Нукан во 84. минута од мечот.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top