Top Sport

По заканите за тужби, Басилашвили го освои Минхен, доби БМВ!

Грузиецот Николоз Басилашвили ја освои својата петта АТП титула и втора оваа година, откако без да загуби сет триумфираше на БМВ опен во Минхен, победувајќи го домашниот фаворит Јан-Ленард Штруф со 6:4/7:6(5) во финалето.

Откако минатата недела беше откриено дека на Басилашвили му се заканува тужба од поранешниот „спонзор“, кој тврди дека тенисерот му должи 30 отсто од неговата добивка, Грузиецот успеа да остане фокусиран на тенисот и да го одигра можеби најдобриот турнир во кариерата.

„Не беше лесно против Јан-Ленард, посебно во финишот на мечот. Тој е вистински фајтер и знае како да игра под притисок. Ова е моја петта титула и навистина уживам во Германија“, изјави Басилашвили, кој победи на Катар опен во март.

Бизнисмен тврди дека ја направил кариерата на Басилашвили, бара 30 отсто од неговата заработувачка

Scroll to Top