Top Sport

Нов хаос на француските стадиони – прекинат мечот Париз-Лион

Француските стадиони во 2021 година дефинитивно не беа најбезбедното место за фудбалските фанови, откако повторно поради навивачите беше прекинат меч, овојпат дуелот од 1/32 финалето на Францускиот куп помеѓу второлигашот Париз ФЦ и Лион.

Навивачите на Лион влегоа во физичка пресметка со домашните навивачи, по што судијата го прекина мечот во второто полувреме при резултат 1:1.

Лион веќе загубија еден поен во Лига 1, откако домашниот меч против Олимпик Марсеј минатиот месец беше прекинат откако Димитри Паје беше погоден со шише.

Scroll to Top