Барселона поднесе втора официјална жалба до УЕФА во врска со судењето во четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кое беа елиминирани од Атлетико Мадрид.
Во клубот сметаат дека се оштетени од серијата судиски одлуки во двата натпревари од дуелот, кој заврши со вкупен резултат од 3:2 за мадридскиот тим.
Ова е втор пат за нешто повеќе од една недела, Барселона, да се обрати до УЕФА, изразувајќи длабоко незадоволство од работата на судиите и ВАР системот. Жалбата опфаќа спорни ситуации од првиот и вториот натпревар во нивното елиминирање од натпреварувањето.
Барселона смета дека „акумулацијата на овие грешки директно влијаела на текот на натпреварите и конечниот исход од двомечот“, предизвикувајќи „значајна спортска и финансиска штета“ за клубот.
Жалбата ги повторува претходните барања до УЕФА, но клубот исто така изразува подготвеност да соработува со европската куќа на фудбалот со цел да се подобри судискиот систем и да се обезбеди „поригорозна, пофер и потранспарентна примена на правилата на играта“.
Барселона беше елиминирана од Атлетико Мадрид со вкупен резултат од 2:3. Иако Барселона победи со 2:1 во реваншот, не успеа да го надомести дефицитот од 0:2 од првиот натпревар.
Во двата дуела, Барселона остана со играч помалку, бидејќи дефанзивците Пау Кубарси и Ерик Гарсија беа исклучени откако судиите, со помош на ВАР, ги претворија жолтите картони во црвени картони поради спречување на изгледна шанса за гол.
