Лионел Меси донесе одлука и го купи шпанскиот третолигаш Корнеља.
Овој клуб се наоѓа во Каталонија, поточно во делот каде што игра Еспањол, но е познат по својата голема школа, каде што, на пример, играле Џорди Алба, Давид Раја, Жерар Мартин…
Идејата за оваа инвестиција е јасна – дополнително да се развие клубот и да се подигне на повисоко ниво, со посебен фокус на развојот на локалните таленти.
Како што објави каталонски „Спорт“, токму ова го охрабри Меси да се приклучи на овој клуб, а со тоа да биде дел од градот Барселона.
Од поранешните играчи на Барселона, Џерар Пике ја купи Андора преку својата компанија Космос, а Џорди Алба и Тијаго Алкантара го презедоа Хоспиталет заедно со своите партнери.
Foto/ Depositphotos
