Top Sport

Крихмаер го „крал“ на легендарниот спуст во Венген (видео)

Австриецот Винсент Крихмаер имаше речиси совршена трка за да триумфира на елитниот спуст во швајцарскиот Венген и тоа со првиот подиум оваа сезона.

Крихмаер му ја „украде“ победата на домашниот фаворит Беат Фојц, кој заостана 14 стотинки од секундата, додека подиумот го комплетираше Норвежанецот Александер Омод Килде пред својот попознат сонародник, Аксел Лунд Свиндал.

Крихмаер е првиот Австриец кој победил на најстариот и најдолгиот спуст на календарот од Светскиот куп од 2015 година.

Еден од фаворитите за победа, Американецот Стивен Најман го имаше најспектакуларното излетување од трката, излетувајќи со брзина од 140 км/ч, но за среќа тој не се повреди и сам на скии стигна до целта.

Фото: ЕПА

Scroll to Top