Реал Мадрид потврдија дека нивниот напаѓач Лука Јовиќ добил фрактура на десното стапало и ќе биде во аут најамалку шест недели, продолжувајќи ја малерозната сезона за српскиот фудбалер.
Останува мистерија како Јовиќ успеал да се повреди во период во кој сите фудбалери на Реал Мадрид два месеци беа во карантин, и иако сите имаа програма за домашен тренинг, шпанските медиуми велат дека е невообичаена таква повреда со такви тренинзи.
Со ова продолжува мизерната сезона за Јовиќ, кој минатото лето беше најавуван како големо засилување по трансферот од Ајнтрахт Франкфурт. Тој го загуби стартното место во тимот од Карим Бензема, а потоа кога почна карантинот налета на проблеми во родната Србија, откако го прекрши карантинот и доби кривична пријава.
Покрај ова, се зголемуваат шпекулациите дека Реал се подготвени да го продадат, или барем да го дадат на позајмица ова лето. Милан се појавуваат како главни конкуренти, иако е нејасно дали сега со повредата ќе го заддржат интересот.
Jović medical report.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) May 8, 2020