Top Sport

Нов моден „хит“ од Ектор Белјерин

Додека неговите соиграчи од Арсенал се изборија за четврто коло во ФА купот со победа над Блекпул, дефанзивецот Ектор Белјерин саботата ја помина со посета на модната недела во Лондон, каде што го покажа својот, да кажеме, интересен нов имиџ.

Шпанецот веќе е познат по својот екстравагантен избор на облека, и во саботата уште еднаш го покажа тоа.

„Не верувам дека има фудбалер кој мисли само за фудбалот. Луѓето имаат различни страсти, различни хобија и јас секогаш сум имал љубов кон модата. Кога ќе слушнам дека се облекувам вака дека само сакам внимание, ме боли“, изјави неодамна Белјерин.

Белјерин има „висок стил“ или воопшто нема вкус?

Scroll to Top