Top Sport

Гергес ја сопре низата на Андреску и го одбрани трофејот во Оукленд

Германката Јулија Гергес ја одбрани титулата од АСБ Класик и во исто време стави крај на победничката низа на канадската тинејџерка Бјанка Андреску.

18-годишната квалификантка Андреску имаше фантастична недела на Нов Зеланд и започна одлично во потрагата по деби титула на ВТА турнејата, но искуството на Гергес се покажа и таа стигна до својата седма ВТА титула со 2:6/7:5/6:1 победа.

Сепак, ова е недела за сеќавање за Андреску, која пред турнирот немаше победа над топ 50 тенисерка, а во Нов Зеланд ги победи Венус Вилијамс, Каролине Вознијацки и Су-Веи Хсиех.

Со победата, 30-годишната Германка стана првата тенисерка која ја одбранила титулата во Оукленд по Гркинката Елени Данилиду во 2003 и 2004 година.

Scroll to Top