Top Sport

Ван Гал ќе навива за „борбените“ Ливерпул во трката за титулата

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал вели дека стилот на Јирген Клоп му дава предност на Ливерпул во борбата за титулата во Премиер лигата пред Манчестер сити предводен од Пеп Гвардиола.

Сити се врати во борбата за трофејот со 2:1 победата над Ливерпул во четвртокот, но „црвените“ уште имаат предност од 4 поени на врвот и примија само 10 гола во 21 меч, шест помалку од вториот најдобар дефанзивен тим во ПЛ, Челси.

„Клоп го трансформираше Ливерпул во вистинска борбена машина, во нападот и во одбраната. Затоа, ако би се обложувал на тим за титулата, тоа би бил Ливерпул. Сепак, тоа не значи дека Ливерпул ги има најдобрите фудбалери, бидејќи е јасно дека најквалитетните се во Сити. Но, во исто време, тие ја имаат слабоста во Гвардиола. Тој секогаш ги учи своите тимови да напаѓаат, а во овој момент повеќе им е потребна одбраната. Ливерпул има многу подобра одбрана од нив“, вели Ван Гал во интервју за британскиот „Мирор“.

Холанѓанецот вели дека ужива кога го гледа тимот на Гвардиола, но нешто клучно недостасува во нивната борбеност.

„Сити имаат прекрасни фудбалски идеи и блескав начин на игра, но не и вистински борбен дух. Не ме сфаќајте погрешно, уште сакам да ги гледам како играат, но Клоп ги прави работите подобри“, додава Ван Гал.

Scroll to Top