Top Sport

Нов предлог, ЛШ да се игра во сабота и недела

Европската фудбалска унија (УЕФА) подготвува нови промени на термините, во кои се играат натпреварите во Лигата на шампионите.

Од оваа сезона, натпреварите во Лигата на шампионите се играат од 18.55 и 21 часот, меѓутоа поради финансискиот ефект, во УЕФА размислуваат за промена на термините.

Според германскиот „Билд“, наместо во вторник и среда, натпреварите во елитното натпреварување би можеле да се играат во викенд-деновите (сабота и недела).

Причината е едноставна, доколку Лигата на шампионите се игра во викендите, УЕФА ќе заработи многу повеќе пари од продажбата на телевизиските права.

Овој предлог наскоро ќе биде разгледуван, а доколку помине, тоа значи дека промените ќе влијаат на националните првенства. Прашање е како националните сојузи ќе реагираат доколку УЕФА ги усвои промените.

Scroll to Top