Top Sport

Нов пресврт – сега Лукаку сака да остане во Интер, Челси сака одговор овој викенд

Една од летните „трансфер-саги“ е секако таа на Ромелу Лукаку и желбата на Челси да го вратат Белгиецот во Премиер лигата. Иако последните денови се појавија вести дека Лукаку е подготвен за ваков трансфер, за кој Интер бара 130 милиони евра, вечерва има нов пресврт, со вестите дека тој би бил „среќен“ ако остане во Милано.

Иако „слободата“ на Лео Меси направи „збрка“ на трансфер-пазарот и дури го привлече вниманието на Роман Абрамович и Челси, Лукаку останува мета на „сините“ по невозможниот трансфер на Ерлинг Халанд.

Според италијанските медиуми, Лукаку е среќен во Милано и би сакал да остане во клубот со кој минатата сезона ја освои италијанската титула, и дека би се согласил на трансфер само ако Интер го инсистира тоа, односно ако кинеските газди ја прифатат понудата за Интер. Во Милано пак, навивачите на Интер веќе го искажаа своето незадоволство од најавениот трансфер, а исто така се верува дека управата на клубот е подготвена да поднесе оставка ако трансферот се случи.

Scroll to Top