Top Sport

Лилард: Во НБА е полесно да се постигнат поени, тука има физичка игра

НБА ѕвездата на Портланд трејлблејзерс, Демијан Лилард ќе се обиде да стигне до олимписко злато со САД во финалето против Франција, но признава дека кошарката на Олимпијадата е многу поинаква од таа во НБА.

Слично, како и Лука Дончиќ, кој изјави дека се играат „различни кошарки“ во НБА и во натпреварувањата на ФИБА, Лилард е зачуден од поинаквиот пристап.

„Сега гледам зошто Лука велеше дека во НБА е полесно да се даваат поени. Најдобрите стрелци во НБА даваат тројки, додека во ФИБА фаулите не се така чести, играчата физичка. Исто така нема дефанзивни 3 секунди во зоната, и судиите не го казнуваат тоа. Навистина е тешко“, вели Лилард.

Scroll to Top