Top Sport

Нов проблем за Ливерпул – Тијаго ќе паузира месец дена

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Тијаго Алкантара има посериозен проблем со повредата на колкот и поранешниот шпански репрезентативец ќе отсуствува барем месец дена, велаат последните вести во тимот на Јирген Клоп.

Во ситуација во која Диого Жота, Виргил ван Дајк и Фирмино, конечно, се вратија на тренинзи, ова доаѓа во незгоден момент за „црвените“, тврди „Телеграф“ и тоа пред важната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Ливерпул се само 10. во Прмиерлигата пред утрешното Мерсисајд дерби против Евертон, а Тијаго би пропуштил дури шест меча во Премиерлигата (Евертон, Њукасл, Кристал палас, Вулверхемтпон, Манчестер јунјтед и Борнмут). Тој сигурно нема да игра на првиот меч против Реал на 21 февруари и ќе се обиде да се врати во форма за реваншот на 15 март.

Scroll to Top