Top Sport

Војна во ПСЖ пред Баерн? Нејмар во конфликт со пола тим

Атмосферата во Пари Сен-Жермен пред осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите против Баерн Минхен не е на највисоко ниво, откако по 3:1 поразот од Монако во саботата, Нејмар луто реагирал на критиките кои ги добил од спортскиот директор Луис Кампос, тврди „Л’Екип“.

Во текот на мечот, Нејмар постојано се расправал со Витиња и Иго Етиките за нивните непрецизни додавања, а откако завршил мечот, тој и капитенот Маркињос влегле во конфликт со Кампос, кој сметал дека не покажале доволно посветеност на теренот, додава „Л’Екип“. Оваа доаѓа откако Маркињос им советуваше на играчите да не одат кај навивачите по поразот, нешто што не го послуша Преснел Кимпембе, кој им се извини за поразот.

Килијан Мбапе и Лионел Меси беа отсутни од составот поради повреди, и иако се очекува Меси да се врати за мечот со Баерн во вторник, Мбапе ќе паузира подолго време.

Scroll to Top