Top Sport

Пред Суперболот, барање Канзас Сити да го сменат своето име

Пред вечерашниот Супербол во Финикс, големото финале на НФЛ сезоната, во кое ќе се сретнат Канзас Сити чифс и Филаделфија иглс, се очекуваат протести на групите на Домородните Американци (кај нас попознати како Индијанци) поради името на финалистот.

Логото на Чифс (Chiefs), во превод поглавици, е врв од стрела, а нивните фанови имаат препознатлив начин на навивање, таканаречен томахавк-скалп, кој според одредени групи е навредлив и расистички. НФЛ во обид да се зголеми присутноста на домородното американско население, организираше изложби пред финалето и покани танчерска група која го отвори Супер бол викендот.

„Тоа што НФЛ го направи во Феникс со танчерите и уметниците, тоа е прослава на автентичната култура и тоа е прекрасно. Но, во исто време НФЛ дозволува Канзас сити да го користи тоа име во таа понижувачка традиција“, изјави Шер Томас, една од претставничките на домородните организации кои ќе протестираат пред стадионот.

Уште еден НФЛ тим, Вашингтон редскинс (црвенокожци) во јули 2020 го отфрлија своето име и го сменија со Командерс.

Scroll to Top