Top Sport

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал?

Како што пренесува Радио Марка, Чаби Алонсо од следната сезона би требало да го замени Карло Анчелоти како тренер на Реал Мадрид.

Ова е последна година од договорот за трофејниот италијански тренер, тој потоа ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Од таа гледна точка, логично е дека Реал веќе неколку месеци размислува кој би можел да го наследи тренерот кој им донесе две ЛШ.

Изборот падна на Чаби Алонсо. Логичен избор од неколку причини. Баскиецот порано играше за Реал Мадрид, па е запознаен со начинот на работа на еден од најголемите светски спортски клубови.

Од друга страна, иако е тренер релативно кратко, веќе се докажа на високо ниво. Алонсо врши одлична работа во Баер Леверкузен. Фармацевтите веќе имаат утврден идентитет, јасно се гледа раката на тренерот, а тимот од Леверкузен е најсериозниот предизвикувач на Баерн.

Останува да видиме кога и дали оваа информација ќе биде потврдена.

Foto/ EPA

Scroll to Top