Top Sport

(Видео) Нов шок за Наполи – Емполи во 91.минута ги однесе бодовите од „Диего Армандо Марадона“

Наполи доживеа шокантен пораз од Емполи (0:1), во првиот натпревар од неделната програма во Серија А. Наполи во 12 рунди доживеа три порази, сите три на домашен терен. По Лацио и Фиорентина, бодовите од „Диего Армандо Марадона“ стадионот ги однесе и Емполи.

Емполи во Неапол дојде како апсолутен аутсајдер, но успеа да го нокаутира фаворитот со голот на Коваленко во 91.минута. Коваленко сурово го казни промашувањето на Кварацхелија, или подобро кажано го награди својот голман за одличната одбрана.

Поразот од Емполи веројатно ќе значи и крај за тренерот на Наполи, Руди Гарсија.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, беше стартер на овој натпревар, немаше накаков конкретен учинок и беше заменет во 54.минута.

Scroll to Top