Фудбалерите на Шкендија запишаа сензационален пораз од Дуделанж во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лига Европа. Вечерва во Скопје екипата од Луксембург го победи македонскиот шампион со 2-1.
Шкендија го загуби и вториот натпревар на домашен терен оваа сезона во европските купови. Откако испаднаа од квалификациите за Лигата на шампионите, поради поразот во Скопје од Номе Калју (1-2), со ист резултат загубија и од Дуделанж.
Неефикасноста е голем проблем за Шкендија, на трите натпревари во Еворпа (два против Номе Калју и еден против Дуделанж), играчите на Ќатип Османи постигнаа три гола, сите од пенали.
Шкендија во раната фаза на мечот стигна до предност, во седмата минута Агим Ибраими постигна гол од пенал.
Во вториот дел Дуделанж ги казнија грешките на младиот голман Беким Реџепи. Ктастрофалната грешка на Реџепи ја искористи Бетајеб во 64 минута, а три минути подоцна голманот на Шкендија направи пенал, кој во гол го претвори Синани.
Реваншот во Луксембург на програмата е наредната недела.
фото/facebook.com/fcshkendija