Top Sport

Нов скандал на Апенините: Петмина фудбалери осудени за силување

Нов скандал се појави во италијанскиот фудбал откако медиумите објавија дека пет поранешни фудбалери на Виртус Верона се прогласени за виновни за силување на 20-годишна студентка во јануари 2020 година.

По три години, Стефано Касарото, Џани Манфрин, Едоардо Мерци, Сантијаго Висентин и Даниел Онеску се осудени на шест години затвор.

Немилиот настан се случил ноќта кон 19 јануари 2020 година, кога студентката била на забава кај еден од фудбалерите, а тие сексуално ја залоупотребиле.

По извршување на затворската казна, сите петмина имаат и забрана за повторно играње фудбал во италијанските лиги.

Scroll to Top