Top Sport

Арменд Алими го продолжи договорот со Работнички

Искусниот фудбалер за врска Арменд Алими и во вториот дел од сезоната останува дел од Работнички, објави македонскиот прволигаш. По денешната средба со раководството на клубот тој го продолжи договорот до крајот на шампионатот.

Алими од утре ќе се приклучи на подготовките на „романтичарите“ во Охрид.

Работнички утре го очекува пријателски натпревар со второлигашот Охрид, а на 6.февруари ќе има тест и против Воска Спорт.

Scroll to Top