Лос Анџелес галакси со 3:0 го совладаа тимот на Ванкувер вајткапс, во меч во кој повторно блескаше првата ѕвезда на тимот од Калифорнија, Златан Ибрахимовиќ со два постигнати гола.
Златан имаше шанса да се запише во листата на стрелците уште во 4. минута, кога постигна гол од пенал, но во средината на второто полувреме дојде време Швеѓанецот повторно да блесне , со уште еден фантастичен гол.
Дека и покрај огромното его, Ибрахимовиќ знае да биде и тимски играч се виде во 77. минута, кога Швеѓанецот му дозволи на Алесандрини да го изведе пеналот за 3:0.