Top Sport

Нов удар за Барселона: Ансу Фати повторно е повреден

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, повторно е повреден. Каталонскиот клуб соопшти дека Фати го повредил левото колено на последниот тренинг, а се уште не е познато колку време ќе мора да паузира. Но, јасно е дека ќе ги пропушти следните предизвици.

Барса в недела ќе гостува во Алмерија, а в четврток во Мадрид го игра првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот против Реал Мадрид.

Ова е голем проблем за тренерот Чави, кој ги нема на располагање и Осман Дембеле и Педри, а тимот има пеколен распоред во Ла Лига и Копа дел Реј.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');