Top Sport

Нов удар за Тотенхем, Емерсон Ројал мора на операција на коленото

Дефанзивецот на Тотенхем, Емерсон Ројал, мора да замине на операција на коленото и ќе паузира околу два месеци. Само еден ден откако го отпушти Антонио Конте како тренер на првиот тим, Тотенхем доби нов удар.

Емерсон Ројал оваа сезона настапи на 22 натпревари за Тотенхен, но ќе отсуствува во клучниот дел од сезоната. Во најдобар случај, тој ќе отсуствува шест седмици поради операцијата на коленото.

Се очекува неговото место да го заземе Мет Доерти, а решението ќе треба да го донесе привремениот менаџер Кристијан Стелини, кој беше асистент во стручниот штаб на Антонио Конте.

Емерсон оваа сезона постигна два гола во Премиерлигата.

Scroll to Top