Top Sport

Нов здравствен проблем во семејството Касилјас

Само три недели откако голманската легенда на Реал Мадрид, Икер Касилјас имаше срцев напад на тренинг со неговиот клуб Порто, неговата сопруга, спортската новинарка Сара Карбонеро објави дека страда од рак на јајници.

„Уште не сме опоравени од шокот, но животот повторно не изненади. Овојпат мене. Пред неколку дена лекарите на преглед ми утврдија малигнен тумор на јајниците и бев на операција. За среќа, сѐ помина најдобро бидејќи го утврдивме бргу, но остануваат уште неколку месеци борба. Знам дека нема да биде лесно, но се надевам на среќен крај“, напиша Карбонеро.

Scroll to Top