Top Sport

Домашна титула број 13 за Вардар како „загревање“ за Лигата на шампионите

Со победа од 36:29 над Еурофарм Работник на домашен терен, екипата на Вардар на две кола до крајот од Суперлигашкиот плејоф, ја осигура 13-тата домашна титула.

На Вардар му преостануваат уште два натпревара до крајот на Првенството против Пелистер на домашен терен и против Металург во Автокоманда. Ова е 13. титула за Вардар во 27. сезона од домашниот шапионат, со што „црвено-црните“ се далеку пред пред Металург и Пелистер кои се изедначени со по 6 трофеи досега.

На церемонијата што се одржа пред голем број навивачи на клубот, пехарот и медалите ги доделија Генералниот Секретар на Ракометната Федерација на Македонија, Филип Милошевски и Ѓорѓи Тренковски член на УО на РФМ.

Фото: РФМ

Scroll to Top