Top Sport

Нова англиска ВАР-фарса – поништен гол на Јунајтед поради претходен фаул

ВАР системот колку што реши проблеми во фудбалот, толку и додаде нови, како што можеше да се забележи во дербито во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, кога им беше поништен гол на гостите поради претходен фаул.

Судијата Крис Кавано одлучи дека Скот Мектоминеј намерно го фаулирал Хеунг-Мин Сон, пред Пол Погба фантастично да го проигра Единсон Кавани за гол, кој на крајот беше поништен. Џабе беа протестите на Оле Гунар Солскјер и фудбалерите, а за работите да станат полоши за „ѓаволите“, неколку минути подоцна Сон им даде гол за 1:0 водство на полувреме.

Scroll to Top