Top Sport

Нова драма во Турција – Нсакала колабираше на терен, заврши во болница!

По срцевиот удар кој го доби Кристијан Ериксен на Европското првенство ова лето, од Турција ни доаѓа уште една драма на фудбалските терени, откако конгоанскиот дефанзивец на Бешикташ, Фабрис Нсакала колабираше додека немаше ниту еден фудбалер околу него.

На мечот против Газијантеп, левиот бек на Бешикташ падна на на теренот во 71. минута, кога топката беше на другата половина, пред еден резервен фудбалер да истрча на теренот и да ги повика медицинските лица. Тој веднаш беше однесе во болница, но според Бешикташ веднаш ја вратил свеста.

Scroll to Top