Top Sport

Нова епизода од сагата „Погба во Реал Мадрид“

Зинедин Зидан се сретнал со Пол Погба во Дубаи. Според медиумите францускиот тренер го договарал трансферот на сонародникот. Зидан цело лето се обидуваше да го донесе Погба во Реал, меѓутоа сумата од 180 милиони евра што ја бараа од Манчестер Јунајтед не сакаа да ја платат од „кралскиот клуб“.

Зидан ви Дубаи бил на семинар за вештачката интелигенција, додека Погба таму се наоѓа на рехабилитација од повредата на глуждот.

„Дејли Мирор“ објави дека Зидан се сретнал со Погба, а на фотографијата се забележува дека уживаат во разговорот.

Токму оваа фотографија повторно ги поттикна шпекулациите дека Погба ќе се пресели во Реал.

Договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед истекува во 2021 година.

Scroll to Top