Резултатската криза на Милан влезе во нова епизода, откако „росонерите“ не успеаја да го победат грчкиот АЕК Атина во третото коло на Лигата на Европа, поставувајќи уште поголем притисок на тренерот Винченцо Монтела.
Милан имаше три порази во низа во Серија А, но затоа пред овој меч имаше шест победи во шест меча во Лигата на Европа, ако се сметаат и квалификациските натпревари (како против Шкендија). Меѓутоа, наместо убедлива победа над грчкиот преставник, Милан на неколку пати во првото полувреме се бранеше од пораз, откако Матео Музакио за малку ќе си постигнеше автогол, а потоа Цанетопулос при крајот на полувремето го тестираше Џиџи Донарума.
Во вториот натпревар од групата Д, хрватскиот шампион Риека успеа да стигне до импресивна 3:1 победа на гостувањето во Виена кај Австрија, благодарение на двата гола на Марио Гаврановиќ и погодокот на Зоран Квржиќ.
Мечот од „висок ризик“ меѓу албанскиот Скендербег и Партизан заврши без голови, така што домашните фудбалери ќе ја добијат ветената премија од 50.000 евра за освоениот поен.
Притисок ќе чувствува и тренерот на Евертон, Роналд Куман, откако во жесток натпревар полн со инциденти премиерлигашот загуби на домашен терен со 1:2 од тимот на Лион.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 3.КОЛО
ГРУПА А
Астана – Макаби Т.А. 4:0
Виљареал – Славија Прага 2:2
ГРУПА Б
Динамо Киев – Јанг Бојс 2:2
Скендербег – Партизан 0:0
ГРУПА Ц
Брага – Лудогорец 0:2
Хофенхајм – Башакшехир 3:1
ГРУПА Д
Милан – АЕК Атина 0:0
Австрија Виена – Риека 1:3
ГРУПА Е
Аталанта – Аполон Лимасол 3:1
Евертон – Лион 1:2
ГРУПА Ф
Шериф – Локомотив М. 1:1
Злин – Копенхаген 1:1