Top Sport

Нова фудбалска трагедија – алжирски фудбалер почина на терен!

Алжирскиот фудбалер Софијан Лукар почина откако колабираше како капитен на неговиот тим Мулудија Саида во меч од втората лига во саботата.

Според локалните медиуми, Лукар се судрил со сопствениот голман во 26. минута од мечот со АСМ Оран, а откако добил медицинска помош, се вратил на теренот, за десет минути подоцна повторно да колабира. Според „Ројтерс“, Лукар веднаш добил медицинска помош, но починал од срцев напад на пат до болницата.

Да се зголеми трагедијата, 28-годишниот Лукар се оженил една недела пред саботниот меч.

Ова не единствен случај на ненадејна смрт во фудбалот во последно време. Неколку дена претходно, младиот хрватски фудбалер Марин Чачиќ почина три дена откако беше во кома по падот на тренингот за неговиот клуб, Нехај од Сињ. Тој имаше само 23 години.

Во средата пак, фудбалерот од Оман, Мухалед Ал-Ракади почина на 29 години во средата откако колабираше на загревање на прволигашки меч за Мускат во неговата татковина. Според медиумите, тој добил срцев напад.

Scroll to Top