Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ќе има нов проблем со изборот на играчи за мечот против Сампдорија овој викенд, откако по позитивниот тест на КОВИД на Тео Ернандез, денеска беше потврдено дека и Брахим Дијаз е позитивен и дека е во „изолација“.
„Милан потврдува дека Брахим Дијаз имаше позитивен тест на денешните задолжителни тестови. Тој е во добра состојба и е во домашна изолација. Остатокот од тимот имаше негативен тест“, велат од Милан.
„Росонерите“ се мачат со многу повреди и отсутни пред мечот против Верона на Игор Тудор, а Пиоли потврди дека утре ќе донесе одлука дали Златан Ибрахимовиќ ќе игра. Давиде Калабрија е вратен во погон, додека Жуниор Месијас и Тиемуе Бакајоко уште се во аут.
Official Statement: @Brahim ➡️ https://t.co/3WAjVh0v5v
Comunicato Ufficiale: Brahim Díaz ➡️ https://t.co/CiP41Qr0DW#SempreMilan pic.twitter.com/GpWjPlbh43
— AC Milan (@acmilan) October 15, 2021