Top Sport

Пелистер со импресивна деби-победа во АБА2 лигата

Пелистер ја забележи својата прва победа во АБА2 лигата, декласирајќи го црногорскиот клуб Сутјеска со 93:73 (24:23, 27:24, 27:16, 15:10).

Мечот беше неизвесен до средината на третата четвртина, кога успеаја да го зголемат водството од 4 поени кое го имаа на полувреме.

Трајковски и Малешевиќ имаа по 16 поени за битолскиот клуб, Хојтон додаде 14, а Младеновски заврши со 13.

Фото: АБА лига

Scroll to Top