Top Sport

Нова „нула“ за Милан

Тимот на Милан одигра само 0:0 против аутсајдерот Џенова за да се „заглави“ на 11. место во Серија А со 13 поени, дури 12 помалку од лидерите Наполи.

Милан речиси цел меч го одигра со 10 играчи, откако човекот кој требаше да биде „столб“ на новиот Милан, Леонардо Бонучи за удирање на противник во гостинскиот шестнаесетник.

Милан не успеа да создаде многу шанси, додека од другата страна тимот на Џенова ќе биде пресреќен што си заминува од „Сан Сиро“ со освоен поен. Македонскиот капитен, Горан Пандев не беше дел од тимот на гостите.

Рома освои три поени на гостувањето кај Торино благодарение на голот на Александар Коларов и сега е петта на табелата, додека Фиорентина лесно со 3:0 го победи „новакот“ во Серија А, Беневенто.

СЕРИЈА А

Милан – Џенова 0:0

Аталанта – Болоња 1:0

Беневенто – Фиорентина 0:3

СПАЛ – Сасуоло 0:1

Торино – Рома 0:1

Киево – Верона 3:2

Scroll to Top