Се појави нова снимка од нападот на навивачите на Ливерпул на тимскиот автобус на Манчестер сити пред дуелот од Лигата на шампионите во средата, во кое еден од патниците во автобусот јасно кажува дека светот треба да види дека „ова е најпоср.ниот град во Англија“.
Ливерпул, кои ги „здробија“ Сити со 3:0, се под истрага на УЕФА и на полицијата во Ливерпул, откако поради нападот автобусот не можеше да се користи за враќањето на фудбалерите на англискиот лидер назад во Манчестер.
Новото четириминутно видео покажува каков бил нападот на автобусот, бидејќи постојано се слуша удирање од објекти во каросеријата, со што се отфрла можноста нападот да бил дел од само неколку навивачи.
„Изгледаше како воена зона. Тие немаа никаква контрола на ситуацијата“, изјави еден анонимен член на Сити.
Во видеото се слуша и разговорот меѓу возачот и луѓе од клубот.
„Тие знаеја дека ова ќе се случи и ништо не направија. Еб.ни ѓубриња. Се надевам дека светот ќе го види ова. Ова е најпоср.ниот град во Англија“, се слуша на снимката.
УЕФА ќе ги истражува навивачите на Ливерпул, Де Бројне не е „импресиониран“ (видео)