Top Sport

Баерн го „демолираше“ Вердер, Мане со незгодна повреда пред СП

Баерн Минхен со 6:1 го „здроби“ тимот на Вердер Бремен за да се „одлепи“ на четири поени пред Фрајбург на врвот на Бундеслигата, но нивното ново засилување, Садио Мане мораше да биде повлечен од игра по само 20 минути поради повреда која доаѓа на помалку од две недели пред стартот на Мундијалот.

Џамал Мусијала им донесе предност на Баварците веќе во шестата минута, но Вердер израмни само четири минути подоцна преку Антони Јунг. Баварците пак имаа шанса да дојдат во предност кога беше досуден пенал, но Ерик-Максим Чупо-Мотинг не беше прецизен во 18. минута, пред повредата на најдобриот сенегалски фудбалер, Мане.

Ова не ги деморализираше Баерн, кои до крајот на полувремето ја обезбедија победата – Серж Гнабри во 22. и 28. минута и Леон Горецка во 26. минута го декласираа противникот. Тука не беше крајот – во 82. минута Гнабри го комплетираше хет-трикот, за две минути подоцна и Матис Тил да се запише во листата на стрелците за неверојатна победа.

БУНДЕСЛИГА, 14.КОЛО
Баерн Минхен – Вердер Бремен 6:1
Бохум – Борусија Менхенгладбах 2:1
Штутгарт – Херта Берлин 2:1


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top